Русија ѝ прости на Куба долг од 30 милијарди долари

Русија и Куба се договорија за регулирање на проблемите со кубанскиот долг кон Русија, кој изнесува 30 милијарди долари.

Русија и Куба се договорија за регулирање на проблемите со кубанскиот долг кон Русија, кој изнесува 30 милијарди долари. Договорот беше потпишан во Хавана во текот на посетата на премиерот Дмитриј Медведев во Куба.

Освен тоа, беа потпишани и документи за испорака на цивилни авиони од руско производство во Куба, како и проекти за соработка од сферата на нуклеарната енергетика. Вредноста на кубанските нарачки од сферата на руската авио-техника изнесуваат околу 650 милиони долари.

Двете страни се договорија да ги разјаснат своите понуди на стоки и услуги, за да може во иднина да се зголеми меѓусебната трговија. Во случај на проширување на заемните трговски олеснувања, според прелиминарните процени, трговијата ќе се зголеми барем за половина и ќе изнесува 300 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.