Партијата на Михаил Саакашвили создаде план за бојкот на Олимпијадата во Сочи

Партијата на Михаил Саакашвили „Обединето национално движење“ (ОНД) се надева дека ќе го спречи учеството на Грузија на Олимписките игри во Сочи следната зима.

Партијата на Михаил Саакашвили „Обединето национално движење“ (ОНД) се надева дека ќе го спречи учеството на Грузија на Олимписките игри во Сочи следната зима. Конечна одлука за испраќањето на спортистите за Игрите, Националниот олимписки комитет на Грузија ќе донесе кон крајот на април, и до тогаш поддржувачите на Саакашвили ќе вршат врз Националниот олимписки комитет максимален притисок.

Ова решение го соопшти заменикот-претседател на комисијата на парламентот на Грузија за враќање на територијалниот интегритет, пратеникот од партијата на Саакашвили, Шота Малашхија. Тој истакна дека спроведувањето на разработениот акционен план партијата ќе го започне на 25 февруари. На тој ден во Грузија се одбележува „Денот на окупацијата“, во знак на сеќавање на настаните од 1921 година, кога Црвената Армија влегла во Тбилиси за време на Советско-грузиската војна, и Грузија била трансформирана во Грузиска Советска Социјалистичка Република.

„Ние ќе им предложиме на сите политички партии, вклучувајќи ги и непарламентарните, да ги стават своите потписи на заедничката изјава за тоа дека за Грузија е неприфатливо учеството на Олимпијада која се одржува во држава која окупира 20% од нашата земја“, рече пратеникот.

Во владејачката партија „Грузиска мечта“, скептично се зема активноста на противниците. Основачот на партијата, премиерот на Грузија, Бидзин Иванишвили, уште кон крајот на минатата година вети дека државата ќе ги испрати своите спортисти во Сочи, бидејќи, според него, „учеството на таа Олимпијада е важно, како во однос на подобрувањето на односите со Русија, така и за самите спортисти од Грузија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.