Москва е разочарана од блокирањето на иницијативата од страна на САД во врска со осудата на терористичкиот напад во Сирија, каде според сириските власти - загинаа 53 луѓе.
„Ова е разочарување, бидејќи до неодамна сите членови на Советот за безбедност, без исклучок, секогаш беа посветени на позициите за осуда на сите терористички акти, без разлика од кој, каде или од кои причини истите биле извршени“, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.
Властите на Сирија изјавија дека експлозијата која се случи на 21 февруари во Дамаск во близина на руската амбасада, е поврзана со Ал-Каеда. Националната коалиција на опозициските и револуционите сили на Сирија го осудија нападот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче