Интернет-трговијата се сели на Исток

После енергетските гиганти на пазарот на рускиот Далечен исток, почнаа за тоа подрачје да се интересираат и интернет-продавачите.

После енергетските гиганти на пазарот на рускиот Далечен исток, почнаа за тоа подрачје да се интересираат и интернет-продавачите. Развојот во тој правец може да доведе до намалување на трговијата со Кина. 

Во почетокот на февруари, создавачот и косопственикот на интернет-хипермаркетот „Сотмаркет“, 24-годишниот претприемач Всеволод Страх, изјави дека ќе отвори транспортен центар во Хабаровск. Новиот логистички центар ќе ја координира испораката на стоки во сите најголеми градови во рускиот Далечен Исток: Петропавловск-Камчатски, Анадир, Магадан, Владивосток, Јужно-Сахалинск. Благодарејќи на тоа решение, рокот на испорака на стоките ќе се намали на само 2-3 дена (во моментов испораката на стоки на Далечниот Исток може да трае и цел месец).

Најголем дел од жителите на Русија кои го претпочитаат онлајн-купувањето - се жители на Москва и Санкт Петербург. Но повеќе од половината на интернет-купувачите живеат во останатите региони на Русија. Сепак, основните логистички центри, а исто така и претставништва на светските марки се наоѓаат во Европскиот дел на државата. Овде странските компании ја носат својата стока, истата се царини, и одовде се носи во другите делови на државата, вклучувајќи го и Далечниот Исток. Тоа е имено проблемот на трговијата со стоки за широка потрошувачка во Русија.

Сепак, пазарот во европскиот дел на Русија веќе е презаситен, и продавачите бараат нови пазари за ширење на својата дејност. „Далечниот Исток сега е многу популарен“, изјави аналитичарот на „Инвесткафе“, Дарја Пичугина. „Конкуренцијата таму не е висока, и затоа ние имаме голема шанса да зафати што поголем дел од пазарот. Тоа е пазар кој таму се развива, и во иднина ќе расте со големо темпо. Освен тоа, како што ќе тече времето, таму ќе може да се испорачуваат и стоки директно од Кина. Соодветно, на продавниците ќе им биде од корист создавање на свои логистички центри, складови имено на територијата на Далечниот Исток.“, смета аналитичарот.

Отворањето на трговски центри на онлајн-продавници на Далечниот Исток може да стане главна тенденција оваа година, забележаа учесниците на Online Retail Russia во декември 2012 година. Треба само еден да отвори свој бизнис таму, а по него и другите ќе следат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња