Државната дума едногласно го усвои апелот кој го испрати на Конгресот на САД, во кој се повикува да се олесни враќањето на братот на починатиот тригодишен Максим Кузмин во Русија „врз основа на хуманитарните принципи и безбедноста на децата“.
Пратениците во Думата, исто така, инсистираат на итни и сеопфатни мерки за безбедност и спречување на повреди на правата на руските деца кои се посвоени од граѓани на САД, вклучително и спречување на злоупотреба на децата.
„Ние прекрасно разбираме дека процесот на враќање на Кирил во Русија нема да биде лесно. Сепак, тоа е наша јасна позиција. Веруваме дека за момчето не е безбедно да остане во семејството на американските посвојувачи, каде што загина неговиот брат“, изјави Сергеј Неверов. „Апелот на Думата не е адресиран само на Конгресот, чии претставници сѐ уште молчат во врска со инцидентот. Овој апел е адресиран и до сите граѓани на САД, на кои им е важна судбината на децата, без разлика од нивното државјанство“, забележа тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче