Депардје ќе сними ТВ серија за руската литература

Францускиот актер Жерар Депардје, кој неодамна доби руско државјанство, има намера да сними ТВ серија на руската телевизија.

Францускиот актер Жерар Депардје, кој неодамна доби руско државјанство, има намера да сними ТВ серија на руската телевизија. За овој план актерот веќе разговараше со министерот за култура, Владимир Медински.

„Ние само што разговаравме со Медински за возможноста за заеднички проект во Русија. Навистина сакаме да излеземе со телевизиска серија која е базирана на руската литература, во која ќе глумат уметници од различни земји, со што тие серии ќе бидат прикажувани по целиот свет“, раскажа Депардје.

Се дозна дека актерот ќе добие дозвола за постојан престој во Саранск. Депардје ќе биде регистриран во станот на роднините на директорот на Госфилмфонд, Николај Бородачев, кој е долгогодишен пријател на актерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња