Во Москва ќе долета делегација од Стејт Департментот на САД

Во рускиот главен град ќе допатуваат претставници на американскиот департмент.

Во рускиот главен град ќе допатуваат претставници на американскиот департмент. Целта на визитата се разговори со претставници од министерствата за образование и наука на Русија за последиците после прифаќањето на федералниот закон за прекин на дејството на двостраниот договор за Соработка во областа на посвојувањето.

Константин Долгов, овластен соработник при МНР на Русија за прашања од областа на правата на човекот, демократијата и владеењето на правото, изјави дека иницијатори за оваа средба се американците. Во моментов се усогласуваат датумите на посетата.

Во почетокот на февруари, официјалниот претставник на Истражниот комитет на Русија, Владимир Маркин, изјави дека САД покажале готовност за соработка во руската истрага околу насилството над руските деца кои се посвоени од граѓани на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња