Министерот за надворешни работи на Сирија, Валид Муалем, ќе дојде на 25 февруари на преговори во Москва, соопшти Генадиј Гатилов во МНР на Русија.
„Во Москва се очекува доаѓањето на министерот за надворешни работи на Сирија на 25 февруари“, рече Гатилов на прес-конференцијата во РИА Новости.
Според зборовите на дипломатот, на средбата ќе се разговара за консолидирање на напорите на двете страни и надворешните играчи кои можат да влијаат на судбината на Сирија. „Ако со заеднички напори не успеат да се соединат опозицијата и позицијата во Сирија, тогаш процесот за политичко регулирање, тогаш процесот ќе остане во мртва точка“, изјави тој.
Конфликтот меѓу властите и вооружената опозиција продолжува во Сирија уште од март 2011 година. Според податоците на ООН, за ова време во Сирија загинале околу 70.000 луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче