Руските воени бродови ќе ги камуфлираат

Главниот командант на Воено-морските сили на Русија, Виктор Чирков, им нареди на научно-истражувачките институти при ВМС да создадат камуфлажа за руските воени бродови.

Главниот командант на Воено-морските сили на Русија, Виктор Чирков, им нареди на научно-истражувачките институти при ВМС да создадат камуфлажа за руските воени бродови. Работата треба да биде завршена до крајот на август 2013 година, а веќе во 2014 година ќе ги камуфлираат првите бродови.

Бојата треба да биде индивидуална за секој вид на брод, а боите треба да одговараат на особеностите на конструкцијата. Основната цел - е да се направат бродовите помалку забележливи за противникот. Затоа комбинациите на бои треба да ги направат контурите на бродовите помалку забележливи. Варијантите на боите ќе варираат од флота до флота - Северната и Тихоокеанската флота ќе имаат потемни бои, додека Балтичката, Касписката и Црноморската - посветли.

Научниците треба да создадат варијанти на бои за камуфлажата, а исто така и густина на нивното нанесување на трупот на бродовите. Освен тоа, современите бои треба да го менуваат обликот на бродот не само физички, туку и радио-електронски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња