Росстат: Населението на Русија пораснало за сметка на емигрантите

Податоците на Федералната служба за државна статистика покажаа дека бројот на населението во Русија изнесува 143 милиони луѓе.

Податоците на Федералната служба за државна статистика покажаа дека бројот на населението во Русија изнесува 143 милиони луѓе, што претставува зголемување на 292.500 луѓе, соопштено е на прес-службата на Росстат.

Во Росстат уточнија дека растот на населението е остварен, пред сè на сметка на емигрантите, со што се компензира морталитетот во Русија – во 2012 година во Русија се родиле 1.896.000 луѓе, а умреле 1.898.000.

„Во 2012 година, бројот на мигранти кои се преселиле во Русија се зголемил за 720.300, или за 23,6% повеќе, во споредба со истиот период минатата година“, соопштено е во Росстат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња