Лидерите на рускиот пазар на сокови - Пепси и Кока-Кола, кои веќе ги имаат купено локалните произведувачи на сокови - Вим-Бил-Дан, Лебедјански и Нидан, Мултон - продолжуваат да ги губат своите позиции на пазарот.
Според резултатите од 2012 година, севкупниот дел на пазарот на овие две компании се намали за 7%, до дури 64%, што претставува голема загуба, посебно ако се земе предвид дека во 2010 година нивниот дел на пазарот изнесуваше 82%. Произведувачите ова го објаснуваат со намалувањето на оптимизацијата на бизнисот, додека експертите - со развојот на сопствени марки.
Делот на Пепси на пазарот падна од 45,4% на 40,3%, додека на Кока-Кола од 26,7 до 24%. Најмногу од овој пад доби руската марка „Сади Придоња“, чиј дел на пазарот се зголеми од 6,7 до 9%.
Големината на рускиот пазар на сокови изнесува 3.8 милијарди евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче