Медведев во Бразил потпиша договори за соработка

Премиерот Дмитриј Медведев ја заврши дводневната работна посета на Бразил.

Премиерот Дмитриј Медведев ја заврши дводневната работна посета на Бразил. Како резултат на средбите со раководството на државата, потпишани се документи за соработка во сферата на против-воздушната одбрана, енергетиката и трговијата. Исто така, руските специјалисти ќе инсталираат во универзитет во Бразил  квантно-оптичка станица за вселенски истражувања.

Премиерот подвлече дека Русија може да разменува со Бразил технологии, но тоа треба да биде заемно исплатлив процес. „Ако станува збор за заеднички претпријатија кои ќе донесат полза и на Русија и на Бразил, а ние како резултат на заедничкото користење на технологиите добиваме пари - тогаш сѐ е во ред“, изјави Медведев.

Министерството за одбрана на Бразил, исто така, го потврди интересот за руските комплекси за против-воздушна одбрана „Игла“ и „Панцир-С1“. Освен тоа, владите потпишаа акт за купување на 12 руски хеликоптери Ми-35М. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.