Ефективноста на универзитетите ќе се оценува според бројот на невработени дипломци

Министерството за образование и наука на Русија се подготвува да изврши мониторинг на ефективноста на универзитетите според нови критериуми, известува весникот „Комерсант“.

Министерството за образование и наука на Русија се подготвува да изврши мониторинг на ефективноста на универзитетите според нови критериуми, известува весникот „Комерсант“. Министерството предлага да се изброи бројот на дипломци од факултетите кои нашле, односно не нашле работа на пазарот на труд. Експертите ја сметаат оваа логика за погрешна.

„Ние сакаме да го оцениме заемниот однос меѓу системот за образование и пазарот на труд - изјави за „Комерсант“ заменикот министер Александар Климов. Односно, треба да се пресмета бројот на дипломци од универзитетите кои добиле работа“.

Според зборовите на Климов, околу 6% од младите специјалисти веднаш после дипломирањето се наоѓаат на списокот на невработени. “Излегува дека образованието кое го добиле воопшто не им дава можност да најдат работа дури по специјалноста, - појаснува чиновникот. Има специјалности кои имаат голем број на невработени. Рекордери се правниците и економистите“.

„Идејата да се земаат податоците од пазарот на трудот мене не ми се допаѓа, бидејќи оценката за квалитетот на факултетите ќе биде расипана и нереална“, - смета шефот на лабораторијата за прогнозирање на трудовите ресурси при Институтот за народно-стопанско прогнозирање во Руската академија на науки, Андреј Коровкин.

Ректорот на Високата школа за економија, Јарослав Кузминов, за оценка на ефективноста на работата на универзитетите предлага да се земат средните приходи на дипломците.

„Ние треба да разбереме и дознаеме колку ефективно работат универзитетите. Ние треба, како и во многу други држави, да ги мериме доходите на дипломците во последните пет години“, изјави Кузминов.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња