Штетата од корупцијата во Русија во 2012 година достигна 524 милиони евра. Ова го изјави јавниот обвинител на Руската Федерација, Јуриј Чајка.
Според неговите зборови, за три пати пораснале корупциските престапи од организирани групи, и за 80% - корупцијата со крупни суми.
„Постојат над 49.000 кривични дела, што е за една четвртина повеќе, отколку претходната година“, изјави обвинителот.
Освен тоа, Чајка забележа дека во минатата година значително е зголемена и борбата против корупцијата. Така, за една година биле осудени 1.159 соработници од правните органи и МВР, а откривањето на ваквите дела е зголемено за 13%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче