Русија повеќе не се надева на укинување на визите со Европската Унија за Олимпијадата во Сочи – во Москва сега се надеваат на такво решение за крајот на 2014 година. Ова прашање е клучно за време на преговорите во Брисел.
Москва и Брисел водат преговори за обострано укинување на визите: олеснување на визниот режим и целосно укинување на визите за краткорочни патувања.
Преговорите дополнително се оптоварени со претензиите кои ги има ЕУ кон Москва. Имено, станува збор за воведување на дополнителни даноци за автомобилите кои се увезуваат во ЕУ, кои руските власти ги воведоа на 1 септември. Во ЕУ сметаат дека тоа ги нарушува правилата на СТО.
Решавањето на сите проблеми тешко дека ќе заврши наскоро. Преговорите ќе продолжат во средината на март (на владините советувања во Москва) и во почетокот на јуни – на самитот Русија – ЕУ, кој најверојатно ќе се одржи во Екатеринбург.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче