Путин: Сирачињата треба да останат во Русија, наместо да се посвојуваат во странство

Претседателот Владимир Путин смета дека решавањето на проблемот за задржувањето е на сирачињата и нивниот подобар живот во Русија е поважен, отколку нивното усвојување во странство.

Претседателот Владимир Путин смета дека решавањето на проблемот за задржувањето е на сирачињата и нивниот подобар живот во Русија е поважен, отколку нивното усвојување во странство. На средбата со вице-премиерот Олга Глодец, шефот на државата појасни какви мерки треба да се преземат за да се подобри ситуацијата со сирачињата и упростувањето на процесот на нивно усвојување од страна на граѓаните на Русија.

Претседателот појасни дека „само неколку стотини деца се посвојуваат во странство, а кај нас има илјадници сирачиња“. Путин напомна дека на 28 декември 2012 година тој потпишал указ во врска со проблемот околу посвојувањето, и сака да знае што се прави во врска со неговото исполнување.

„Кај нас 128.000 деца останаа без родителска грижа и имаат потреба од посвојување. Во 2012 година беа посвоени 69.000 деца во Русија“, соопшти вице-премиерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња