Путин ја утврди стратегијата за развој на Арктичката зона на Русија до 2020 година

Претседателот Владимир Путин ја утврди Стратегијата за развој на Арктичката зона на Руската Федерација и осигурување на безбедноста до 2020 година.

Претседателот Владимир Путин ја утврди Стратегијата за развој на Арктичката зона на Руската Федерација и осигурување на безбедноста до 2020 година. Документот го утврдува планот на дејства на Русија, и истиот е насочен кон осигурување на суверенитетот ан државата и националните интереси на Арктикот.

Се планира Арктичката база на Руската Федерација да ги задоволи потребите на Русија од енергенси, водни и биолошки ресурси, а исто така и други видови стратешки суровини. За оваа цел, документот предвидува примена на мерки за заштита на државните интереси на Русија при откривањето и експлоатацијата на наоѓалиштата.

Реализацијата на Стратегијата ќе се оствари во две етапи. Првата етапа ќе трае до 2015 година. За време на првата етапа се планира создавање услови за зацврстување на националната безбедност по пат на развиток на оваа зона. Вториот период ќе заврши до 2020 година. Во оваа етапа треба да бидат завршени хидрографски работи, како и да се обезбеди меѓународно-правно утврдување на надворешната граница на континенталниот брег на Русија во Северниот Ледовит океан.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.