Шефот на Федерацијата на емигранти, Мухамед Амин Маџумдер, од името на сите работници во Русија од другите земји, се обрати до Владимир Путин со писмо во кое го моли да го разгледа прашањето за еднократна амнестија на сите нелегални емигранти.
Маџумдер смета дека ваквото решение ќе биде од корист за Русија. Според неговите зборови, емигрантите „се подготвени да плаќаат даноци и да ги почитуваат законите и традициите на Руската Федерација“. Освен тоа, „поради сомнителниот бизнис и растот на нелегалната емиграција, државниот буџет е попразен секоја година за неколку милијарди рубљи“.
Моментално на територијата на Русија живеат околу 10 милиони нелегални емигранти – тие работат во неформалниот сектор, иако би можеле да донесат корист и профит на економијата на Русија.
Во другите земји искуствата со амнестирање на емигрантите е позитивно. Слични решенија одвреме-навреме се вршат во Шпанија, Италија, Германија, Франција и САД. Во Думата ја поддржаа идејата за легализација, но забележаа дека амнестирањето треба да важи за странците од кои има потреба во Русија и кои не го нарушуваат законот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче