Евтин авио-превозник ќе се создаде под закрила на „Аерофлот“

Една година после пропаѓањето на двете единствени евтини авио-превозници во Русија, се прават напори повторно да се отвори компанија која евтино ќе ги превезува патниците. Овој пат, таа ќе биде отворена под закрила на компанијата „Аерофлот“.

Една година после пропаѓањето на двете единствени евтини авио-превозници во Русија, се прават напори повторно да се отвори компанија која евтино ќе ги превезува патниците. Овој пат, таа ќе биде отворена под закрила на компанијата „Аерофлот“.

До пред некое време, улогата на „евтини авио-компании“ ја имаа Скајекспрес и „Аванова“. Нивниот крах во Русија го претскажаа уште од самиот старт: во 2006-та година, олигархот Борис Березовски ја основа Скајекспрес, а покасно, во 2008-та година, компанијата А1 и инвестицискиот фонд Indigo Partners објавија дека ќе започне со работа „Авианова“. Причината за нивниот крах е во тоа што во Русија нема евтини аеродроми. Самиот аеродром „Шереметјево“ е 12-от најскап аеродром во светот според аеродромските такси. Тој е поскап дури и од аеродромот во Куала Лумпур, па дури и од аеродромот во Хонгконг. Меѓу другите причини се спомнуваат и трошоците за летање до руските аеродроми и нивното опслужување.

Нова ера во авионските евтини летови ќе започне „Аерофлот“. Ова го изјави генералниот директор на фирмата, Виталиј Савељев. Варијантите за летовите, авионите и аеродромите се разгледува и наскоро ќе има финално решение за почетокот на работа на евтиниот авио-превозник. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња