На денешен ден пред 400 години, Земскиот собор го избра Михаил Фјодорович Романов за цар на Русија. На 11 јуни 1613 година, во Успенскиот собор се прослави крунисувањето на новиот цар, со што се означи доаѓањето на нова династија – Романови.
Новиот цар ја презеде власта во немирен период, кога Русија била во војна со Шведска и со Полска, кои истовремено војувале и меѓу себе. Тие држави воделе војна со желба целосно да завладеат со Руското царство. Михаил Романов ги победил и двете држави. Армијата за време на неговото владеење била реорганизирана, а исто така, се појавиле и првите фабрики за оружје во близина на Тула.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче