Врховниот суд на Русија предложи да се склучи договор за соработка со суд од САД. Тоа го соопштува претседателот на овој суд - Вјачеслав Лебедев.
„Ние дадовме таков предлог до претседателот на Врховниот суд на САД, до господинот Џон Робертс. Јас го поканив да дојде во посета на Русија и да потпишеме или договор, или протокол за нашите намери за соработка“, изјави Лебедев, подвлекувајќи дека станува збор за исти договори, какви што постојат меѓу Врховните судови во другите држави.
„Како што ни рекоа во амбасадата, во моментот се процесира нашиот предлог“, додаде тој.
Ваквата иницијатива за прв пат се најде на маса во јануари. Тогаш во Русија изјавија за намерата да се прати барање до САД со молба за помош во истрагата за кривичните дела кои се однесуваат на посинетите руски деца од американци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче