Во Русија се планира воведување на данок за луксузни автомобили

Министерството за финансии ќе почне да создава закон за данок на луксузни автомобили.

Министерството за финансии ќе почне да создава закон за данок на луксузни автомобили. Како критериуми за определување на големината на данокот, се предлага цената на автомобилот.

Идејата за воведување на данок за раскошни автомобили за прв пат се појави во минатата година. На почетокот се планираше да се поврзе данокот со моќноста на моторот, но таа идеја беше критикувана поради тоа што зголемениот данок би требало да го плаќаат и сопствениците на моќни, но поевтини автомобили.

Проектот на документот предлага да се сметаат за луксузни автомобилите кои се поскапи од 75 илјади евра. Исто така, даночната стапка ќе биде различна и за автомобилите од различни еколошки класи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња