Во подножјето на Плоски Толбачик ќе се појави туристички центар

Агенцијата за туризам и надворешни врски на Камчатскиот крај предложи да се направи регулира посетата на туристи во реонот на вулканот.

Агенцијата за туризам и надворешни врски на Камчатскиот крај предложи да се направи регулира посетата на туристи во овој реон, каде активен е вулканот Плоски Толбачик, и да се создаде во подножјето на вулканот туристички центар.

Сега оние кои сакаат да ја погледна оваа ретка природна појава се сѐ повеќе на број, а поголемите неорганизирани групи имаат повеќе шанси за несреќа, бидејќи однесувањето на потокот лава, според зборовите на вулканолозите, е сѐ потешко да се претскаже.

За да се осигури безбедноста на луѓето и да се добијат дополнителни приходи, покрај вулканот ќе се постават туристички шатори за групите кои ќе доаѓаат овде. Во кампот, исто така, ќе се сместат и вулканолози и претставници на Министерството за вонредни состојби. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња