Во Абу Даби се отвори најголемата изложба за оружје во светот - IDEX-2013. Русија се претставува да се претстави во неа со повеќе од 200 парчиња најдобро вооружување и воена техника.
Основните руски експонати се претставени на штандовите на „Рособоронекспорт“, каде се инсталирани интерактивни екрани кои ги покажуваат техничките карактеристики и боевите можности на вооружувањето. Освен тоа, во оваа година „Уралвагонзавод“ се претставува во Абу Даби со најновата машина за поддршка на тенкови - „Терминатор“, како и со најновата верзија на тенкот Т-90С. Широка гама на противтенковско вооружување претстави и „Конструкторското биро за инструменти“ од Тула - противтенковски комплекси „Корнет-Е“, „Метис-М1“ и најновиот „Корнет-ЕМ“. Освен ова, концернот за противракетна одбрана, „Алмаз-Антеј“ претстави современи руски средства за противвоздушна одбрана и комплекси за разузнавање.
Блискиот и Средниот Исток, како и државите од Африка, заземаат важно место од гледна точка на извозот на руско вооружување. Во овој регион се продава речиси четвртина од сето оружје. Најмногу овде се купува опрема за пешадијата, која е најшироко претставена на изложбата IDEX-2013.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче