Првите две од шесте дизел подморници од проектот 636 (Кило) ќе бидат испорачани на Виетнам годинава, рече во интервју за РИА Новости заменикот на генералниот директор за надворешно-економска дејност и воено-политичка соработка на компанијата „Рубин“, Андреј Баранов.
Премиерот на Виетнам, Нгуен Тан Зунг, во декември 2009 година најави потпишување на договор за испорака на шест подморници од Русија за сума од 2 милијарди долари. Испораката на сите шест подморници ќе се оствари до крајот на 2016 година.
Баранов соопшти дека подморниците од проектот 636 (наменети за извоз) значително се разликуваат од проектот 877ЕКМ, кои Русија успешно ги произведува уште од 80-те години.
„Архитектурата на подморницата е иста, основните карактеристики се исти, но „суштината“ – е различна. Нова радиоелектронска употреба, нови системи за одржување на животот – сето тоа е најсовремено“, додаде Баранов.
Подморниците од проектот 636 тежат 3100 тони, имаат брзина од 20 јазли и максимална длабочина од 300 метри со екипаж од 52 члена. На вооружување имаат торпеда од калибар 533 мм, како и ракетен комплекс „Клаб“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче