Православниот храм на Света Троица во Пјонгјанг ќе го слика московски иконописец заедно со корејски уметници. Ова го соопшти за ИТАР-ТАСС свештеникот, протојереј Алексеј Сабанскиј, кој е на чело на делегацијата која допатувала во Северна Кореја по покана на Православниот комитет на Северна Кореја.
Имињата на иконописците во храмот не се кажуваат. За оваа работа во Пјонгјанг веќе се донесени 600 килограми бои.
Изградбата на овој храм на југот од Пјонгјанг започна во 2002 година по указ на Ким Чен Ир, кој во тој момент бил на власт во Северна Кореја. Лидерот на државата решил да изгради православен храм после посетата на црква во Хабаровск. Изградбата е платена од буџетот на Северна Кореја и заврши во летото 2006 година, а на 13 август истата година, храмот го осветил митрополитот Смоленски и Калининградски - Кирил (сегашниот патријарх Московски и на цела Русија).
Во Северна Кореја, освен овој храм, кој припаѓа на РПЦ, има уште две протестантски цркви и една католичка црква. Во Северна Кореја живеат 400 христијани. Многумина од нив се прогонувани: во 2009 година, жител на оваа држава беше казнет за распространување на Библијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче