Истражниот комитет на Русија покрена кривична истрага за убиството на руско момче, посвоено од американско семејство. Ова го соопшти официјалниот преставник на Истражниот комитет, Владимир Маркин. Тој додаде дека Истражниот комитет ќе ги преземе сите неопходни мерки за да се стават на обвинителна клупа посвојувачите на Максим.
Обвинителството во државата Тексас е спремно да соработува со Русија во истражувањето и расветливањето на смртта на посвоеното дете од Русија.
Максим Кузмин почина на 18-ти февруари. Детето починало пред доаѓањето на брзата помош, која ја повикала неговата маќеа. На телото на Максим биле откриени многубројни повреди. Додека трае истрагата, на мајката и е одземено другото дете, исто така посвоено од Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче