Нови авиони од руско-украинско производство ќе се извезуваат во Куба

Три нови авиони Ан-158 од руско-украинско производство, во април годинава ќе се испорачаат на Куба.

Три нови авиони Ан-158 од руско-украинско производство, во април годинава ќе се испорачаат на Куба, а уште три исти авиони ќе бидат испорачани во следната година, извести претседателот на Кубанската авио-корпорација, Рамон Мартинес Ечаварија.

„Од април ќе започне користењето на три нови руско-украински авиони Ан-158, а уште три исти авиони ќе добиеме следната година. На овој начин, ние постепено ќе ги заменуваме авионите Ан-24, кои имаат помал досег“, изјави Ечаварија на новинарите. Новите авиони можат да превезуваат до 97 патници и ќе се користат како за внатрешните летови, така и за летови кон Централна Америка и во Карипскиот басен.

Авионот Ан-158 може да лета со максимална брзина од 850 км/ч на растојание до 2.500 километри. Неговата цена изнесува околу 30 милиони долари (во зависност од опремата). Во Куба има 23 аеродроми, од кои 10 се меѓународни. Туризмот, една од најдоходовните гранки во Куба, речиси целосно зависи од авио-превозот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња