Малиот бизнис во Русија во криза

Според асоцијацијата „Поддршка за Русија“, бројот на индивидуални претприемачи во Русија нагло се намалува. Бизнисмените не можат да ги платат зголемените придонеси за пензискиот фонд.

Според асоцијацијата „Поддршка за Русија“, бројот на индивидуални претприемачи во Русија нагло се намалува. Бизнисмените не можат да ги платат зголемените придонеси за пензискиот фонд.

Претставниците на организацијата веќе му напишаа писмо на вице-премиерот Игор Шувалов. Во Думата пренесуваат дека постои сет на мерки кои се насочени на поддршка на претприемачите, но тие едноставно не функционираат насекаде во Русија.

Според податоците на асоцијацијата, во декември и јануари 208.000 претприемачи ја прекинале својата работа. Според анкетата, 65% од бизнисмените ги напуштиле плановите за развој. Половина од нив веќе отпуштаат вработени. Сето ова е предизвикано од зголемувањето на давачките за двапати – до 35.000 рубљи (околу 55.000 денари). За малите претприемачи во регионите таа сума понекогаш е еднаква на нивниот профит.

Малите претприемачи бараат формирање на комисија за малиот бизнис, со која ќе се предложат измени во законодавството и конкретни совети за решавање на проблемот.

Може да се погледне на проблемот и од друга страна. На пример, што ќе се случи доколку дел од претприемачите го затворат својот бизнис. Ќе се затворат не само фризерските салони, малите продавници, баровите, туку ќе престанат со работа и фармерите и другите гранки за производство на храна и други услуги.

За да не се дозволи тоа, треба да се изврши притисок врз локалните власти за да профункционираат владините мерки за поддршка на малите бизниси. Конкретно – се разгледува воведување казни за чиновниците кои не ги исполнуваат основните решенија на централната власт за поддршка на малиот бизнис. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.