Во Русија има 131 милијардер

Во минатата година бројот на руски милијардери (сметано во долари) порасна за 11 луѓе.

Во минатата година бројот на руски милијардери (сметано во долари) порасна за 11 луѓе. Списанието „СЕО“ објави рејтинг на најбогатите луѓе во Русија по резултатите од 2012 година. Сега во тој список влегуваат 131 човек.

Вкупниот капитал на милијардерите изнесува 450 милијарди долари. Како што забележуваат експертите од весникот, во 2012 немало бурен раст или силен пад на берзата. Како резултат на тоа, ниту списокот со милијардери не се изменил во голема мера.

Најбогат граѓанин на Русија е основачот на „Металоинвест“, Алишер Усманов. Неговото богатство се оценува на 19 милијарди долари. На второто место е сопственикот на „Новолипецкиот металуршки комбинат“, Владимир Лисин, чиј капитал изнесува 17,2 милијарди долари. Третото место му припадна на Виктор Векселберг, сопственик на групата компании „Ренова“, кој има 16 милијарди долари.

Единствена жена во списокот е жената на поранешниот градоначалник на Москва, Елена Батурина - таа го зазеде 101 место со капитал од 1,27 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња