Првата средба на работната група на Г-20 ќе се одржи во Москва

Светските експертни од областа на пазарот на трудот ќе се соберат во Москва во рамките на првата средба на работната група околу прашањата за вработеноста и пазарот на труд во Г-20 под претседателството на Русија.

Во текот на средбата ќе се разговара за прашања околу создавање на нови работни места и стимулирање на пазарот на труд. Посебно внимание ќе биде посветено на мониторингот на исполнувањето решенијата во сферата на пазарот на труд, прифатени во текот на претходните самити.

На 22 февруари е планирана средба со Владимир Путин во Кремљ, а основните  активности се планирани за 23 февруари во изложбениот центар „Манеж“.

Според мислењето на Владимир Путин, средбата во јули на министрите за труд со министрите за финансии на „дваесетката“, ќе направат значителен придонес во решавањето на проблемите на вработувањето и работната сила. Овој формат на средбите ќе биде еден од новитетите на руското претседателство во Г-20. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња