Производството на леб во Русија престана да биде профитабилно

Земјоделскиот комитет при Државната дума на Русија му испрати на министерот за економски развој, Андреј Белоусов, извештај за влошувањето на состојбата во лебната индустрија во државата.

Земјоделскиот комитет при Државната дума на Русија му испрати на министерот за економски развој, Андреј Белоусов, извештај за влошувањето на состојбата во лебната индустрија во државата.

Според извештајот, во последниве 6 месеци цената на брашното во државата е покачена за 80%. Истовремено, зголемени се тарифите за струја и вода.

Како резултат на ова, во 2012 година во Русија се затворени 35 пекари, а од почетокот на 2013 - уште седум. Во овој момент производството на леб во државата практично не е профитабилно.

Претставниците на Државната дума предлагаат интервенција со житарици од интервентниот фонд по ниски цени. Освен тоа, произведувачите на леб бараат замрзнување на цените за струја, вода и цените за изнајмување на производствените простории. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња