МНР даде коментар за смртта на дете од Русија, посинето од американци

Москва се надева дека посвоителите, по чија вина во Тексас загина посвоениот тригодишен Максим Кузмин, ќе бидат сурово казнети.

Москва се надева дека посвоителите, по чија вина во Тексас загина посвоениот тригодишен Максим Кузмин, ќе бидат сурово казнети. Ова го објави комесарот во Министерството за надворешни работи на Русија за правата на човекот, демократијата и владеењето на правото, Константин Долгов.

„Според верзијата на американската служба за социјална заштита, Максим загинал на 21 јануари во домот на посвојувачите како резултат на злоупотреба од страна на маќеата Шато. При направен преглед, утврдено е дека на телото има многубројни повреди во пределот на главата и нозете. Аутопсијата покажа повреди на внатрешните органи во стомачната празнина, кои единствено можеле да бидат предизвикани од силен удар“, се кажува во соопштението на интернет-страницата на МНР на Русија. Освен тоа, според податоците на Министерството, посвоителите регуларно му давале на Максим силни средства за смирување.

Во Министерството сметаат дека „во случај на потврдување на фактите во текот на истрагата, која руската амбасада во Вашингтон и МНР внимателно ќе ја следат, виновните за смртта на детето ќе бидат сурово казнети“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња