Кредитната задолженост на граѓаните на Русија е алармантно зголемена

Во текот на 2012 година во Русија се зголеми бројот на граѓани кои не ги исплаќаат навреме своите кредити, пишува „Известија“.

Во текот на 2012 година во Русија се зголеми бројот на граѓани кои не ги исплаќаат навреме своите кредити, пишува „Известија“.

Според податоците на Централната банка, на почетокот на 2013 година, вкупниот обем на исплатени кредити на населението изнесувал 220 милијарди рубљи (5,5 милијарди евра), од кои 19,7 милијарди рубљи претставуваат долг кој не е навреме подмирен. Бројот на неплатени рати за кредити во 2012 година се зголеми за 8,8%.

Интересно е тоа што процентот на неплатени рати за станбени кредити - се намалува, додека неплатените рати за потрошувачките кредити - растат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња