Големината на сивата економија во Русија достигнува безмалку половина од БДП на Русија, соопштено е на 13 февруари на интернет-страницата на американскиот истражувачки институт GlobalFinancialIntegrity.
Според податоците од аналитичарите на овој институт, од 1994 до 2011 година од Русија биле незаконски изнесени барем 211,5 милијарди долари во вид на средства добиени на различни противзаконски начини. Во исто време, притокот во Русија на незаконски добиени финансиски суми се оценува на 552,9 милијарди долари. Сивата економија, според оценките, изнесува 46% од БДП на државата.
Причините за оваа ситуација аналитичарите ги согледуваат во ниската ефективност на политичкото управување во државата, а исто така и распространетата пракса на неплаќање на даноците.
И иако во последниве години ситуацијата со даноците во Русија се подобри, а корупцијата во бизнисот - се намали, на приватниот бизнис му стана уште потешко да се спротивставува на хипертрофираните државни корпорации.
Основан во 2006 година, институтотGlobalFiinancialIntegrity е некомерцијална организација која се занимава со економски истражувања. Дејноста на овој институт е насочен на намалување на незаконските финансиски трансфери во системот на светската економија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче