Руските научници предложија да се нарече челјабинскиот метеорит „Чебаркуљ“, и под тоа име да влезе во Меѓународниот каталог на метеори. Оваа изјава беше направена од член на комитетот на Руската академија на науки за метеори, соработник на Уралскиот федерален универзитет, Виктор Гроховски.
„Најблиското населено место е Чебаркуљ, а правилото гласи, дека метеорот се нарекува според најблиското населено место“, изјави Гроховски.
Градот Чебаркуљ се наоѓа на околу 80 км од Челјабинск и е наречен по езерото, на чиј брег се наоѓа градот. Името потекнува од туркијскиот јазик и значи „Убаво езеро“.
Потрагата на фрагментите од паднатиот метеор завршија со успех на 17 февруари. Специјалистите успеаја да направат истражување на остатоците и установија дека тие се од неземна природа. Се кажува камените фрагменти содржат околу 10% железо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче