Метеоритот во Челјабинск предизвика зголемување на цената на цинкот во Лондон

Вредноста на цинкот на Лондонската берза за метали утрото на 15 февруари пораснала за 0,9%.

Вредноста на цинкот на Лондонската берза за метали утрото на 15 февруари пораснала за 0,9%, но потоа повторно се намалила и изнесувала 2.193 долари за еден тон, што е за 0,2% поскапо, отколку ден порано. Како што соопштува Блумберг, инвеститорите започнале со купување на металот поради паѓањето на метеорот во Челјабинската област.

Едно од парчињата на метеоритот утрото на 15 февруари разруши дел од фабриката за цинк во регионот. Акциите на оваа фабрика во Московската берза веднаш паднале за 1,8%. Во исто време, во фабриката изјавиле дека работата во претпријатието не прекинала и нема да се прекине. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња