Лансирањето на ракетата-носач „Протон-М“ ќе се изврши на 27 март

Првото лансирање во 2013 година на ракетата-носач „Протон-М“ е пренесено на 27 март.

Првото лансирање во 2013 година на ракетата-носач „Протон-М“ е пренесено на 27 март. Ова на 14 февруари го соопшти РИА Новости, надоврзувајќи се на компанијата International Launch Services, која дава услуги при лансирањето на вселенски апарати со користењето на ракетата „Протон-М“.

Претходното лансирање на ракетата „Протон-М“ со ракетниот степен „Бриз-М“ и телекомуникацискиот апарат „СатМекс 8“ - беше планирано за 27 декември 2012 година. На 8 декември, поради проблеми со ракетниот степен, сателитот бил изведен  4 минути предвреме, но потоа дошол на предвиденото место за орбитирање, благодарејќи на сопствениот мотор. 

Телекомуникацискиот сателит „СатМекс 8“ е подготвен од компанијата Space Systems Loral, а неговата функција ќе биде телевизиска транслација на територијата на Америка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња