Катар ќе инвестира во Русија

Катарски фонд инвестира во Русија 3,5 милијарди долари.

Суверениот фонд на Катар може да инвестира во ВТБ банката од 3 до 3,5 милијарди долари, соопштува „Експерт-ТВ“. За зделката веќе е разговарано, и таа ќе биде пренесена во медиумите уште следната недела.

Ако информациите за зделката одговараат на реалноста, инвестициите од овој катарски фонд целосно ќе ги покријат потребите на ВТБ за нов капитал.

ВТБ е вклучен во тригодишниот план за приватизација. Во февруари 2011 година беа продадени 10% од акциите на банката за 3,3 милијарди долари, а понатаму се планира да се продадат уште два пакета акции - 10% и 15%. Државата има во банката 75% од акциите. Целосно државата планира да излезе од банката до 2016 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња