Имиџот и авторитетот на Русија во светот ќе се подобрува, изјави Путин, претставувајќи ја обновената концепција за надворешната политика на Русија

Претседателот на Русија е уверен дека имиџот и авторитетот на Русија во светот „ќе се подобрува“.

Претседателот на Русија е уверен дека имиџот и авторитетот на Русија во светот „ќе се подобрува“. Ова го изјави Владимир Путин  на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност, претставувајќи ја обновената концепција за надворешната политика на Русија.

Според зборовите на Путин, во документот се земени предвид последните случувања во светот. Путин ја спомна и „светската финансиска криза, која не нè остава на мира, прераспределбата на балансот на силите во светот, наглото зголемување на турбулентноста во реонот на Блискиот Исток и Северна Африка“.

„Русија и понатаму ќе води активна и конструктивна линија во меѓународните работи“, уверува претседателот Путин.

Тој спомна дека Русија активно ќе ја користи економската дипломатија, и т.н. позиција на мека сила во меѓународните работи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња