За 11 месеци во 2012 година, во Русија се откриени нови 34.000 носители на ХИВ вирусот. Ова се кажува во извештајот на Росстат, посветен на социјално-економскиот развиток во државата за минатата година.
„Од јануари до ноември 2012 година се регистрирани 18.113 луѓе со болеста која ја предизвикува ХИВ вирусот, и 34.281 човек со ХИВ вирусот без симптоми, меѓу кои има и 379 деца од 1 до 17 години“, се забележува во документот.
Притоа, најголемиот број заразени случаи (50,4%) се наоѓаат во Санкт Петербург, Тјуменската област, Челјабинската област, Нижегородската област, Улјановската област, Самарската и Иркутската област.
Во декември 2012 година Русија издели повеќе од 200 милиони рубљи за профилактика и борба со ХИВ во земјите од Централна Азија и Источна Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче