Стејт Департментот на САД ја предупредува Грција да се воздржи од енергетската соработка со Русија, пишува во саботата деловниот сајт за www.capital.gr .
Според податоците во весникот, висок службеник во американскиот Департмент изјавил на владата дека продажбата на компанијата за гас DEPA, за која претендираат Гаспром и Синтез, е непосакувана и ќе ја направи Грција „заложничка“ на Русија во енергетските прашања. Грција сега добива 90% од гасот од Русија, а со оваа бизнис зделка Русија дополнително ќе го зацврсти своето доминирање на пазарот во целиот регион.
Освен тоа, според податоците од порталот, соработката со Русија може да стави знак прашалник врз реализацијата на Трансјадранскиот гасовод, преку кој Грција сака да транспортира во Јужна Европа азербејџански гас. Овој проект директно конкурира со проектот Набуко-Запад и со Јужен тек. Во минатата недела во Атина беше потпишат трилатерален договор меѓу Грција, Албанија и Италија за изградба на Трансјадранскиот гасовод, на чија церемонија на потпишување присуствуваше вториот заменик на државниот секретар, Ерик Рубин.
Грција планира да го приватизира гасниот концерн DEPA и операторот на системот за транспорт на гас - DESFA. Заклучоците од конкурсот неколку пати се одлагани, а неговите услови постојано се менуваа. Во моментов само две компании (покрај двете руски) планираат да купат активи - тоа се азербејџанската Socar и грчки конзорциум. Грчката влада изјави дека резултатите ќе се знаат во април годинава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче