Отворената дебата на Интернет околу дисертациите кои треба да бидат бранети - е само една од мерките за борба со плагијаторството, изјави шефот на Високата комисија за атестација, Владимир Филипов.
„Ние сега ќе воведеме некои сериозни мерки, вклучувајќи објавување на Интернет на дисертациите кои ќе се бранат, со цел да се дебатира за нив од целата научна заедница“, изјави Филипов во саботата на радиото „Ехото на Москва“.
Не само скицата на научното дело, туку и целиот текст на дисертацијата ќе се објави на Интернет, пред да биде бранета. Делата на кандидатите кои ќе бранат магистерски дисертации ќе бидат објавувани 5 месеци на Интернет пред нивното бранење, а за докторските тези - 3 месеца.
Освен тоа, за секоја дисертација ќе се создаде „нешто како форум“ за објавување забелешки околу научните дела пред да се бранат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче