Отвореното акционерско друштво „Московска Берза ММВБ-РТС“ изјави дека е завршена иницијалната јавна понуда во Москва. Акциите на Московската берза во рамките на првичната понуда ќе се продаваат за 55 рубљи по акција. Сета компанија е оценета на 4,2 милијарди долари.
„Со ставањето на своите акции исклучително во Русија, Московската берза не само што постави рекорд меѓу локалните иницијални јавни понуди, но и направи важен чекор, како во својот корпоративен развој, така и во проширувањето на перспективите на рускиот финансиски пазар“, забележа претседателот на Московската берза, Александар Атанасјев.
„Ние веруваме дека руската економија ќе остане една од најбрзорастечките големи економии во светот, и берзата ќе игра клучна улога во тој раст“, изјави заменикот претседател на Централната банка на Русија, Сергеј Швецов.
Според состојбата кон крајот на 2012, Московската берза се најде во меѓу 20-те најголеми светски берзи според капитализацијата на пазарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче