Премиерот Дмитриј Медведев потпиша декрет, според кој се поедноставени механизмите за посвојување.
Со овој декрет се задолжуваат органите преку Интернет и средствата за масовно информирање да ги информираат граѓаните за можноста за посвојување на дете. Освен тоа, се предлага поедноставување на процедурата на посвојување на сирачињата. Пред сѐ, ќе биде зголемен рокот за привремено старателство над детето - до шест месеци. Исто така, ќе биде поедноставена постапката за собирање документи и ќе бидат продолжени роковите на важење на некои медицински уверенија. Се претпоставува дека во блиска иднина ќе бидат укинати ограничувањата кои постојат во однос на големината на станбениот простор на посвојувачите.
Освен ова, на 12 февруари владата на Русија го одобри предлогот да им се исплаќа на посвојувачите по 100.000 рубљи (околу 155.000 денари).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче