Љубителите на утринско шумење во Санкт Петербург ќе бидат казнувани

Нов закон и правила за жителите на Санкт Петербург.

Губернаторот на Петербург, Георгиј Потавченко, потпиша измени во градскиот закон „За административните прекршоци во Санкт Петербург“, според кој на жителите во становите им се забранува да поправаат, да прават ремонти, да преместуваат мебел и да шумат наутро, ноќе и за време на викенд.

Според документот, се предвидува казна од 500 до 4.000 рубљи (околу 750 до 6.000 ден.) за „викотници, свиркања, чукање, преместување на мебел, пеење, свирење на музички инструменти и други дејства, поради кои се нарушува тишината и спокојството на граѓаните“ ноќе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња