Денеска не може да стане збор ниту за валутни војни, ниту за конкуренција на валутите. Ова е заклучокот на министрите за финансии и шефовите на Централните банки на државите од Г-20 на средбата во Москва, соопшти шефот на Министерството за финансии на Русија, Антон Силуанов.
„Ова беше подвлечено од сите учесници, тоа е консензуално мислење“, рече тој.
Според мислењето на Силуанов, денес треба да се зборува не за валутите, туку за режимите во кои тие валути постојат. Силуанов забележа „ако државата, Централната банка се меша во формирањето на цените, тогаш позитивен резултат е можен само во краткорочна перспектива“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче