Челјабинските власти ќе ја поправаат штетата од метеоритот со кредити

Штетата од паѓањето на метеоритот во областа ќе биде поправена со помош на кредити.

Штетата од паѓањето на метеоритот во областа ќе биде поправена со помош на кредити; освен тоа, регионот смета и на поддршката на регионалните власти, изјави губернаторот на Челјабинската област, Михаил Јуревич.

Според предвремените пресметки, штетата изнесува не помалку од 1 милијарда рубљи (околу 1.55 милијарди денари), изјави губернаторот.

„Тешко е да се даде точна оценка, бидејќи има голем број поситни штети“, забележа тој.

Според зборовите на губернаторот, властите се подготвени да ги платат поправките на граѓаните, а исто така и на локалните претпријатија.

Меѓу оштетените објекти има и претпријатија кои се наоѓаат во федерална сопственост - универзитети, згради на полицијата, обвинителството и други. Како што забележа губернаторот, очекува трошоците за нивна поправка да бидат платени од федералниот буџет. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња