Авиони на САД добиле наредба да пресретнат два руски бомбардера Ту-95

Авиони на Воената авијација на САД добиле наредба да пресретнат два руски стратешки бомбардера Ту-95, кои летале околу американскиот остров Гуам во Тихиот океан, пренесува во саботата телевизискиот канал NBC News.

Американските воени претставници му пренеле на каналот дека откриле на радарите два стратешки бомбардера Ту-95, кои во НАТО го носат името „Мечка“. Веднаш биле испратени американски F-15 од американската база „Андерсен“.

Телевизискиот канал соопштува дека „контактот меѓу американските и руските авиони поминал професионално“, без инциденти, и дека руските бомбардери цело време останале во меѓународното воздушно пространство. Дали руските авиони имале во себе нуклеарно оружје, не се кажува.

Од своја страна, претставник на Министерството за одбрана на Русија изјави дека немало никакви планови за летови на бомбардери во акваторијата на Тихиот океан.

Островот Гуам се наоѓа во западниот дел на Тихиот океан на архипелагот кај Маријанските острови и влегува во состав на САД, иако неговите жители немаат право да учествуваат на изборите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.