Руските чиновници ќе ги лишат од сметките во странските банки

Претседателот Путин внесе во парламентот проект-закон, според кој високопоставените чиновници ќе бидат лишени од можноста да имаат банкарски сметки во странски банки.

Претседателот Путин внесе во парламентот проект-закон, според кој високопоставените чиновници ќе бидат лишени од можноста да имаат банкарски сметки во странски банки. Поддржувачите на оваа забрана сметаат дека новиот закон ќе помогне во борбата против корупцијата. Скептиците сметаат дека на овој начин властите се обидуваат да ја минимизираат ефективноста на возможните санкции против руските политичари, слични на оние на „законот Магнитски“.

Ако иницијативата на претседателот се претвори во закон, чиновниците ќе бидат лишени од можноста да имаат сметки и хартии од вредност во странски држави. Оваа забрана ќе важи и за брачните партнери и малолетните деца. Се смета дека дејството на законот ќе се однесува на чиновниците кои се назначувани директно од претседателот, главниот обвинител и неговите заменици, топ-менаџерите на Централната банка и државните корпорации, членови на горниот и долниот дом на парламентот, а исто така, и за губернаторите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.